Научниците тврдат дека после одредено време на користење на социјалната мрежа Facebook можат да се почувствуваат симптоми на клиничка депресија.
Веќе подолг период се зборува за тоа како Facebook влијае врз здравјето на популацијата која прилично време поминува пред мониторите на социјалните мрежи, особено на Facebook. Направени се бројни студии на тема „Лошото влијание на Facebook врз вашето ментално здравје“.
Последните истражување се вчудоневидувачки – Facebook може да предизвика депресија, односно, после одредено време од користењето корисниците можат да почувствуваат симптоми на клиничка депресија.
Важно е и колку време корисниците поминуваат споредувајќи се себеси со другите корисници на оваа мрежа.
Најголем проблем претставува споредбата во кој одреден корисник е помалку успешен или помалку задоволен од својот живот во однос на другите корисници.
На тој начин после одредено време корисниците почнуваат да чувствуваат симптоми на клиничка депресија, а да не се ни свесни дека причина за тоа е токму споменатата социјална мрежа.
Поврзани артикли