Microsoft ги претстави редизајнираните верзии на своите Outlook, OneDrive, Word, Excel и PowerPoint мобилни апликации. Дизајнирани се со Fluent Design системот на Microsoft, а промените, според наводите на компанијата, би требало мобилната продуктивност да ја подигнат на повисоко ниво.
Апликациите сега имаат подоследен визуелен дизајн, кој вклучува нови икони на апликациите, splash screen, табови, типографија и друго. Функцијата, како што е Play My Emails, на корисниците ќе им овозможи да ги слушаат содржините од својот inbox, како подкастите. Read Aloud слична функција ќе извршува за Word и Office апликацијата. Исто така, можно е да се користи телефонот за брзо скенирање документи и табели за Office, OneDrive и други апликации.
Microsoft истакнува дека наскоро се очекуваат и редизајнирани верзии на Teams, Yammer и Planner апликациите. Компанијата го дели новиот мобилен UI пакет со екстерните програмери, така што и другите апликации можат да ги искористат дизајн елементите и да се фокусираат на продуктивноста.