Plex покрена бесплатна стриминг услуга во повеќе од 200 земји

Компанијата која стои зад популарниот Plex мултимедијален плеер ја лансираше истоимената стриминг услуга, која во себе ќе содржи реклами и на тој начин ќе остане бесплатна. Иако постојат многу слични сервиси, овој нема да се потпира на жителите на САД, туку на преку 200 други земји.

Услугата моментно овозможува над илјада различни остварувања на студијата како што се MGM, Warner Bros. Lionsgate и Legendary.

Plex, сепак, нема да ги посипе гледачите со количество на реклами како на телевизија, туку тој број, според нивните зборови ќе биде двојно помал. По лансирањето, достапни се и бројни класици, меѓу кои се и Rain Man, Terminator, Overboard, Frequncy, Evil Dead и други.

Сепак, овој сервис не е посветен само на филмовите. Во понудата ќе има и подкасти, вести, но и концерти и документарци. Содржината преку Plex платформата е достапна и на Roku, Apple TV, Android и iOS платформите.