На сите би требало да им биде јасно дека стопостотна безбедност не постои затоа што секогаш постои можност за некој пропуст или пак хакерски напад со кој сајбер криминалците ќе ги испразнат банкарските сметки на корисниците.
И покрај тоа што поголемиот дел од луѓето и понатаму услугите на банките ги користат на класичен начин, сè повеќе корисници ја коистат современата технологија па користат е-банкарство и предностите на мобилното банкарство.
Сè што им е потребно денес на корисниците е апликација која брзо и едноставно ќе може да испраќа пари, да плаќа сметки и да купува произвoди.
И покрај тоа што многу пари се вложуваат во безбедноста, особено кога станува збор за банките, интернетото и мобилното банкарство, на сите ни е јасно дека стопостотна безбедност не може да постои односно дека има некои пропусти кои можат да ги искористат хакерите за да наштетат на корисниците.
Токму еден таков пропуст неодамна открила една норвешка компанија за безбедност на мобилни уреди “Promon“. Пропустите откриле и сајбер криминалци кои нападнале 60-на финанскиски институции во неколку земји од кои успеале да ги испразнат банкарските сметки на корисниците.
Хакерите ги празнеле сметките на банките така што во легитимна банкарска апликација „уфрлале“ лажен почетен екран за пријавување. Корисниците во тој екран би ги впишале своите лични податоци и така хакерите имале пристап до истите, а потоа би ги испразниле банкарските сметки.
Деталите за начинот на крадењето на пари не се познати, но денес за правење на такви трансакции често е потребно да се направи уште еден чекор на верификација (ПИН), кој би требало да спречи слични облици на кражба и празнење на банкарски сметки.
За сето ова секако дека се известени и од Google кој веднаш ги презеле потребните мерки за спречување на опасните апликации кои ги откриле истражувачите од „Promon“.
Извор: Telegraf.rs
Поврзани артикли