Xiaomi Mi Watch сега нуди поддршка за iOS

Xiaomi Mi Watch е неодамна официјализиран, а сега го добива првото ажурирање на фирмверот со поголеми подобрувања – една од карактеристиките кои се издвојуваат е поддршката за iOS. Фирмверот се објавува заедно со Xiaomi Wear App за iOS.

Според наводите на кинеската компанија, OTA ажурирањето би требало да пристигне од 3. декември во Кина, а дополнително ќе се оптимизира процесот на спарување.

Фирмверот ќе ги исправи и проблемите со известувањата кои се однесуваат на Xiaomi Wear апликацијата, додека информациите за времето и локацијата автоматски ќе се ажурираат со новиот апдејт.