Mi 9 премиум телефонот на Xiaomi е претставен во февруари оваа година, а оттогаш видовме уште неколку верзии на уредот, кои ги вклучуваат и Mi 9 SE и нешто надградениот Mi 9 Pro model. Сега Лин Бин, соосоновач и претседател на компанијата Xiaomi, потврди дека следниот премиум Mi телефон ќе пристигне наскоро.
Во коментар под темата за Mi 9 Pro моделот, Лин Бин му одговори на еден корисник дека претстојниот Mi 10 pro ќе биде наследник на Mi 9 Pro. Иако сè уште немаме други информации за следниот Mi премиум телефон, ова се првите официјални информации што се појавија досега.
Единствените гласини досега објавени за Mi 10 инијата сугерираат дека телефоните ќе имаат Snapdragon 865 чипсет, главна камера од 108MP и Android 10 со MIUI 11. Исто така, кинески сертификат што се појави неодамна потврдува два уреди со поддршка за 66W брзо полнење.