Тековната година е една од трите најтопли години од средината на 19. век

Годината 2019 година ќе биде една од трите најтопли години регистрирани од 1850 година, се вели во соопштението објавено денеска од страна на ОН на конференцијата за клима (COP25) во Мадрид.

Тековната година ќе заокружи една деценија „исклучително жештина“ погодена од шумски пожари, суши и топлотни бранови.

Помеѓу јануари и октомври, светската просечна температура е околу 1,1 степени Целзиусови повисока отколку во периодот 1850-1900 година, според Светската метеоролошка организација.

Така, во 2019 година се наоѓа на второто или третото место, по најжешката во 2016 година, чии високи температури тогаш придонесоа за природниот феномен на Ел Нињо.

Декадата 2010-2019 година „сосема сигурно“ ќе биде најжешката досега регистрирана, оценува Светската метеоролошка организација.