Марс во зора: NASA Curiosity и фотографии од вселената

Марс, за разлика од Земјата, е „неплоден и сув“, но сепак го грее истото сонце, па роверот Curiosity забележа едно изгрејсонце на Црвената планета – зора над кратерот Гејл.

Роверот на NASA го сними призорот на 30. ноември, а на левата страна на фотографијата се гледа Сонцето, кое едвај го осветлува пејзажот во кој се наоѓа Curiosity. Најинтересно е тоа што фотографијата изгледа како некој познат предел, нешто што би можело да се види и на Земјата, па така кратерот Гејл сега го опишуваат и како „дом далеку од домот“, а роверот веќе се одомаќи на теренот, бидејќи го истражува уште од 2012. година.

Најновата фотографија од далечниот Марс е потсетник и за тоа дека оддалеченоста е само број, и дека планетите ни се приближуваат, најмногу затоа што напорите на научниците и новите технологии отвораат прозорец во далечните светови.