Google Messages: Пристигнува опција која штити од спам пораки

Најновата функција во Google Messages пристигнува во облик на „Verified SMS“, а замислена е корисниците да ги чува од спам содржини и фишинг напади.

Опцијата претходно можеше да се види во рамките на верзијата 4.2 на Google Messages, но тогаш не работеше на сите уреди. Verified SMS сега пристигнува како стандардна опција, а моментно функционира само со само со деловните телефонски броеви регистрирани кај Google. Ова значи дека корисниците ќе можат да примаат пораки само од регистрирани деловни броеви, а Google ќе користи код за автентикација на секоја примена порака.

Верификацијата функционира така што секој телефон добива хаш код, кој се заснова на бројот на телефонот, деловниот телефонски број и содржината на пораката. Кодовите се креираат локално, на уредите кои примаат пораки и се испраќаат до Google за споредба и за проверка дали се работи за легитимни испраќачи.

Легитимните пораки на крајот ги добиваат соодветните икони кои укажуваат на веродостојност, а опцијата во моментов е достапна само во неколку земји, вклучувајќи ги и САД.