Германската телекомуникациска компанија Deutsche Telekom размислува за можно спојување со француски Orange, објави германскиот деловен весник Handelsblatt, повикувајќи се на раководители вклучени во тоа прашање.
Портпаролот на Orange, изјави дека „не постојат идеи ниту има разговори“ во врска со една таква иницијатива, додека во Deutsche Telekom не бea веднаш достапни за коментар, пренесува Reuters.
Акциите на Deutsche Telekom пораснаа во средата за 1,3 проценти, a на Orange 1,4 проценти.
Компанијата Deutsche Telekom, според податоците на Refinitiv, е најголема европска телекомуникациска компанија со пазарна капитализација од околу 72 милијарди евра, додека вредноста на Orange е некаде околу 40 милијарди евра.