Индиската организација за вселенски истражувања (Indian Space Research Organization – ISRO) изгуби во текот на септември контакт со својот Vikram лендер при обидот за слетување на површината на Месечината. Се досега немаше официјална потврда што точно се случи со овој модул. ISRO конечно потврди дека Vikram имал тн. „тврдо слетување“.
Според објавениот извештај, при слетувањето дошло до дефект на ракетните мотори кои биле задолжени за кочење. Не се знае што точно се случило, но Vikram паднал околу 500 метри од зацртаната цел. Сепак, не е се загубено. Сите осум научни инструменти се уште функционираат и проследуваат вредни научни податоци.
Доколку Vikram успешно слеташе на Месечината, ќе направеше Индија да стане само четврта држава на која тоа и успеало. Иако ова не е целосна пропаст за ISRO, претставува потсетник дека слетувањето на Месечината и натаму е голем предизвик за човекот.
Поврзани артикли