Американскиот гигант Apple треба да плати речиси половина милијарди долари пенали поради обвиненијата дека склучил договор со словенечката софтверска компанија АТР.СИС. ДОО, која, пак, беше санкционирана поради обвиненија за трговија со наркотици, наведува американското Министерство за финансии, пишува „Волстрит журнал“.
Apple ги прекршил американските санкции така што хостирал, продавал и ѝ олеснувал пренос на софтверски апликации на словенечката компанија, која била на црната листа.
„Во 2017 година откривме дека непромислено сме плаќале на компанија што е на црната листа“, изјавил портпаролот на Apple.
Apple наводно во 2008 година склучил договор за развој на апликација со компанијата СИС ДОО, програмерска компанија со седиште во Словенија. Во февруари 2015 година Министерството за финансии на САД ја ставило компанијата на црната листа, а нејзиниот мнозински сопственик Саво Стјепанович наводно бил дел од меѓународна мрежа за трговија со дрога. Поради тоа, имототот на СИС и на Стјепанович биле блокирани, а на американските поединци и фирми им било забрането да соработуваат со нив. Во мај 2017 година компанијата и Стјепанович биле тргнати од црната листа.