Од ретровизор до мануелен менувач.

Автомобилската индустрија се движи со истото темпо како и другите, па така модерните автомобили продолжуваат да се подобруваат и да се менуваат. Западните експерти составиле список на работи што им се познати на многу возачи, а кои наскоро (некои побрзо, други побавно) ќе исчезнат од автомобилите.

Ретровизори

Експертите веруваат дека автомобилите на прво место ќе останат без ретровизори. Овој важен дел од секој автомобил веќе исчезнува со текот на времето, а сето тоа е благодарение на напорите на Lexus, кој прв го замени стандардното странично огледало со камери во еден од своите модели. Јапонските власти ја одобрија експлаотацијата на моделот на патиштата во земјата.

Механички прозорци

Производителите на автомобили сигурно ќе се откажат од механичките механизми за прозорците. Во денешно време, ваквите механизми се достапни само во најевтините модели, но тенденцијата е дека во блиска иднина сите произведени автомобили ќе имаат електрика на прозорците.

Клуч за стартување на моторот

Производителите на автомобили ќе го отстранат и клучот за стартување на моторот. Сè повеќе и повеќе големи брендови веќе одамна инсталираат системи за влез и стартување без клуч (keyless). Некои модели, како на пример на Tesla, на пример, може дури и да го препознаат сопственикот по лицето.

Инструмент табла

Сè повеќе компании се потпираат на дигиталните екрани кои ги заменуваат конвенционалните табли со механички копчиња. Наскоро, уверуваат експертите, секој возач на располагање ќе има само голем дисплеј во боја кој ќе ги прикажува сите потребни податоци, а исто така ќе делува и како еден вид контролен елемент за сите системи во возилото.

Мануелен менувач

Статистичките податоци покажуваат дека во 2018 година, нешто помалку од 3% од американските автомобили од салоните излегле со мануелен менувач. Ситуацијата се менува и во Европа. Само во Велика Британија, бројот на регистрираните автомобили со автоматска трансмисија пораснал за 10% од 2011 до 2017 година. Иако во помал процент, истото се случува и во другите развиени земји во Западна Европа. Двата главни тренда кај автомобилите – електричен погон и автономно управување, не дозволуваат мануелен менувач, па наскоро ќе се збогуваме и со него.

Извор: Додај Гас