Facebook развива нова опција за Messenger, а се работи за функцијата која на корисниците ќе им овозможува одредени содржини да ги делат само со блиските пријатели. Опцијата го носи името Favorites и потсетува на Instagram функцијата Close Friends која се појави минатата година.
На тој начин, корисниците во рамките на Favorites ќе можат да ги изберат оние со кои сакаат да ги делат и приватните содржини, а секој пат кога ќе направат Story, и некој пост кој го делат преку Messenger, содржината можат да ја поделат со списокот пријатели кој претходно го направиле. Опцијата се опишува како средно решение помеѓу делењето на некоја содржина со сите пријатели и приватните пораки, и како начин да се добие поголема контрола над споделувањето содржини.
Корисниците веќе некое време бараат опција која би им донела поголема приватност, бидејќи ретки се оние кои на листата на пријатели немаат и такви со кои најчесто ги споделуваат информациите за приватниот живот, така што Favorites би можела да им го донесе потребното олеснување.
Facebook/Messenger is testing "Favorites" list for Stories
It's like Instagram’s Close Friends pic.twitter.com/dsIinrX1Zd
— Jane Manchun Wong (@wongmjane) November 21, 2019
Вистина е дека Facebook веќе има Friend List, која нуди можност пријателите да се поделат на Close Friends, Acquaintances и Restricted, но се очекува Favorites да понуди поедноставно решение, и само една листа на пријатели која со време може да се шири, или пак, намалува.