Претставен најбрзиот компјутер на светот со над 400.000 јадра

Celebras Systems е името на компанијата што предизвика голем интерес во технолошката индустрија со премиерата на импресивниот Celebras Wafer Scale Engine (WSE). Всушност, се работи за првиот процесор во светот кој има повеќе од 1 трилион транзистори. За време на настанот SuperComputing 2019, бевме сведоци на премиерата на СS-1, кој е најбрзиот компјутер во светот што користи вештачка интелигенција. Импресивната машина е опремена со повеќе од 400.000 јадра, што е за 78 пати повеќе од најмоќниот графички процесор.

Високите перформанси се загарантирани со 3.000 пати повеќе компјутерска меморија и 33.000 повеќе bandwith брзина. Податоците откриваат дека CS-1 е висок 26 инчи и може да заземе третина од стандардниот слот на центрите за податоци. Благодарение на 400.000 јадра, можно е да се извршат 1,2 терабајти пресметки во секунда. Другите придобивки на CS-1 се неговата потрошувачка на енергија, што е за 10 пати помала од алтернативните решенија, додека димензиите се десет пати помали, објави TechSpot.

Во моментов, работи само еден CS-1 компјутер, кој се наоѓа во Argonne National Laboratory. Цената на производството ќе биде во редот на „неколку милиони долари“. Сепак, суперкомпјутерот не е дизајниран за дневна употреба, туку за сложени научни експерименти за кои се потребни милијарди пресметки во секунда.

Дополнителниот софтвер се грижи за оптимизирање на перформансите на 400.000 јадра, како и на 18GB SRAM меморија која ги придружува, при обработка на софистицираните алгоритми со вештачки интелект.