Првиот човек на Salesforce воопшто не користи компјутер, затоа што се што му треба за водење на својот бизнис е неговиот паметен телефон.
Младите генерации кои што пораснаа со паметен телефон во своите раце не се свесни дека порано за сите опции постоеше по еден уред. Од класични телефони, музички плеери, фотоапарати, дигитални асистенти, диктафони, хартиени мапи и бројни други уреди, сето тоа го замени еден геџет кој го собира во нашиот џеб. Порано тоа се чинеше како неверојатно, но денес е реалност и паметните телефони се дел од нашето секојдневие.
Покрај наведените работи, паметните телефони во комбинација со брзиот и константно достапен интернет, го променија начинот на кој се водат бројни бизниси, а една од тие промени е што денес не мора да користиме ниту класична канцеларија, секако во зависност од професијата.
Тоа на конференцијата Dreamforce го потврди и Марк Бениоф, извршниот директор на познатата компанија Salesforce која годишно остварува профит од дури 13 милијарди долари, а вредноста на компанијата се проценува на вртоглави 150 милијарди долари.
Единствената алатка за да води така голема компанија е неговиот телефон, односно тој веќе не ни користи компјутер.
„Повеќе не поседувам компјутер. Телефонот навистина стана екстензија на мојата канцеларија. Каде и да се наоѓам, ако го имам мојот телефон, можам да работам“, изјави пефот на Salesforce.
Тој не е единствениот шеф на голема компанија кој го води својот бизнис само преку својот телефон. Неодамна и првиот човек на Twitter, Џек Дорси изјави дека компанијата ја води само преку својот телефон.
Според нив, водењето на бизнисот преку телефон, во однос на лаптопот има две значајни предности. Најпрвин, на менаџерите им е потребна комуникација, за што навистина е потребен само телефон. Втората е можноста за дефокусирање, која што лаптопот ја овозможува со оглед на тоа што нуди повеќе опции. Тие велат дека со телефонот луѓето можат да се фокусираат на конкретни проблеми и задачи.