Amazon објави дека ја проширува својата бесплатна услуга за стриминг на музика, која вклучува реклами и веќе нема да биде достапна само преку уредите Alexa.
Понудата сега е достапна преку апликацијата Amazon Music за Android, iOS и Fire TV, но само за корисниците во САД, Велика Британија и Германија.
Тие сепак ќе бидат ограничени на слушање на плејлисти и станици, на база на одредени критериуми.
Amazon ќе ја искористи бесплатната понуда за да ги охрабри корисниците да купуваат претплати на Prime или Amazon Music Unlimited.