Со Mustang Match-E, Ford влегува во светот на електричните автомобили.
Првиот автомобил на Ford кој ќе биде целосно електричен, за купувачите во САД ќе биде достапен до крајот на декември.
Од Ford уште претходно најавија дека ќе инвестират повеќе од 11 милијарди американски долари во електрификација, а досега најзначајниот резултат од таа инвестиција е штотуку претставениот Mustang Mach-E на салонот за автомобили во Лос Анџелес. Ова не е само уште еден електричен теренец кој ќе го нападне теренот на Tesla бидејќи името Mustang има посебно значење во американската (автомобилска) историја“, се главните компентари по промоцијата на моделот.
Силен и моќен и опремен со модерна технологија, Mustang Mach-E ќе биде достапен во повеќе верзии со почетна цена од околу 44.000 американски долари за основниот модел. На фановите на легендарниот бренд кои имаат намера да ги заменат класичните автомобили со електрични возила, на располагање ќе им бидат достапни верзиите Select, Premium, First Edition и California Route 1, како и GT и GT Performance. Со сите верзии, ќе бидат достапни два модела на батерија – 75,7 kWh и 98,8 kWh со гаранција од осум години или 160 илјади километри.
Основниот модел Select ќе биде достапен со погон на сите тркала или погон на задните тркала, а двете верзии ќе имаат батерија од 75,7 kWh. Моделот со погон на сите тркала треба да има автономија од нешто повеќе од 330 километри со едно полнење на батеријата, додека моделот со погон на задните тркала со моќност на моторот од 355 коњски сили треба да биде скоро 370 километри. Овие модели се очекуваат во пролетта 2021 година.
Цената на Premium моделот ќе биде нешто над 50.000 долари и на пазарот може да се очекува до крајот на следната година. И оваа верзија е достапна со погон на сите четири тркала или само на задните тркала, а во зависност од видот на батеријата и погонот, автономијата варира од 336 километри до дури 480 километри, со едно полнење, додека моќноста на моторот варира помеѓу 255 и 333 КС.