Kryptowire, компанија која се занимава со безбедност, објави годишен извештај во врска со безбедноста на мобилните апликации. За време на истражувањето, компанијата пронајде 146 апликации инсталирани на поевтините Android телефони, кои на различни начини можат да бидат експлоатирани за злонамерни цели.
Овие апликации самостојно ги менуваат дозволите за пристап или ги препраќаат податоците до производителите од телефонот без знаење и експлицитна дозвола на корисникот. Ваквите ситуации се пронајдени во софтверот од 29 различни производители, од некои помали и релативно непознати, како што се Cubot и Doogee, па се до големите компании како Sony. Имајќи во предвид дека Android доаѓа со 100 до 400 преинсталирани апликации, кои често се дел од поголема група алатки, јасно е дека корисниците се потенцијално многу изложени на овие закани.
Проблемот, секако, можно е да се реши, но тоа бара Google повеќе да се фокусира повеќе на анализа на изворниот код и одговорноста на производителите што го создаваат софтверот за Android екосистемот.