Во Арктичкиот круг се гради објект во форма на кит

На местото за кое се знае дека е најдобро за гледање китови за време на нивните миграции, се гради импозантен објект наречен „Кит“.

Според проектот на архитектонската фирма „Dorte Mandrup“ ќе се изведе нов туристички центар во Норвешка. Проектот има победено на конкурс и планирано е да се гради во Анденес, односно во најсеверниот дел на островот Анде, кој се наоѓа на 300 километри во рамките на Арктичкиот круг.
Во непосредна близина на островот се наоѓа зона со голема длабочина наречена Блеиксупа, низ која минуваат китовите, со што оваа област е една од најдобрите во светот каде што овие морски цицачи можат да се видат во нивното природно живеалиште.

Објектот е дизајниран по самиот раб на океанот, како структура која суптилно излегува од околниот пејзаж како перка од кит. Малку заоблената структура на покривот повикува на движење на самиот врв на имотот, а од тука посетителите ќе имаат непречен поглед на океанот, планините, полноќното сонце, па дури и Северната светлина (Аурора Бореалис). Покривот ќе има камена завршница што природно ќе ја разгледува патината со тек на време, со што ќе се зајакне врската помеѓу предметот и природата.

Во рамките на објектот ќе бидат организирани изложбени простори, канцеларии, кафулиња и продавници. Благодарение на големите прозорци, ќе се создаде врска меѓу изложбениот простор и околната природа на која е посветена оваа зграда.

“Не само што ќе создадеме архитектура во извонреден пејзаж, туку ќе имаме можност да учествуваме и во зајакнување на знаењето за китовите и зачувување на морскиот живот. Оваа можност доаѓа со многу одговорност, што е крајно мотивирачко и инспиративно“, велат архитекти од „Dorte Mandrup“.

Бирото од „Dorte Mandrup“ учествуваше на натпреварот со 37 други екипи, но нивниот проект беше прогласен за најдобар. Иако оваа локација годишно веќе ја посетуваат 50 илјади посетители, се верува дека „Китот“ дополнително ќе го зајакне овој регион во северна Норвешка. Објектот е предвидено да биде отворен за јавноста во 2022 година.