Паметните телефони, во денешно време, се неизоставен дел од нашето секојдневие и едноставно, како да ни се залепени за рацете.
Но, дали се однесувате одговорно кон својот уред? Дали можеби го изложувате на опасност, со која му го скратувате рокот на траење. Прочитајте дали практикувате некоја од следните навики:
Изложување на вода и пареа
Вашиот мобилен уред треба да биде што подалеку од вода, дури и ако е водоотпорен. Доколку се случи да падне во вода или некако да го натопите со течност, најпрво извадете ја батеријата, сим-картичката и мемориските картички. Избришете ги веднаш со хартиено марамче. Исто така, не треба да ги внесувате телефоните во простории со висока влажност, како што се бањи, спа-центри и сауни.
Ја празните батеријата целосно пред да го наполните
Ова правило важеше за статите телефони и батерии. Новите модели дозволуваат да се полни батеријата кога е на уште околу 20%. Исто така, не им штети и ако останат подолго на полнач, поради тоа што батеријата престанува да се полни веднаш штом ќе достигне 100% наполнетост.
Универзални полначи и батерии
Оригиналните полначи и батерии го имаат соодветниот капацитет што му е потребен на телефонот. Сè друго може да го скрати животниот век на уредот.
Маска во текот на полнењето
Нормално е телефонот да се загрее додека се полни, но доколку тоа го правите со маска на него, тој нема да може да се лади. Маската, од кој било материјал, ја задржува топлината и тоа може да го оштети мобилниот телефон.
Директна изложеност на сонце и топлина
Високите температури и директната изложеност на мобилниот телефон на сонце се непријател број 1 на екранот и батеријата. Екранот може да се оштети и да се изгубат боите и контрастот, а батеријата може трајно да се уништи.
Не го чистите редовно
На мобилниот телефон се насобираат многу бактерии поради честото допирање со раце и чување во чантата, која не е најчисто место на светот. Затоа, добро е да користите марамчиња за таа намена, кои чистат и дезинфицираат.