Флексибилниот Huawei Mate X за неколку минути распродаден во Кина

Официјално претставен во Кина на 23 октомври, Huawei Mate X, првиот флексибилен телефон на кинеската компанија, се појави вчера на продажба како што првично беше планирано.

Samsung ги претекна со својот Galaxy Fold, кој излезе во продажба една недела порано, на 8 ноември и беше распродаден многу брзо потоа.

Mate X, за разлика од неговиот конкурент е 5G телефон, кој го користи процесорот Kirin 980 во комбинација со модемот Balong 5000 за 5G конекција, со батерија од 4500mAh што полни до 85% за само половина час благодарение на брзиот полнач од дури 55W. Поседува 8-инчен отворен екран и 6,6 инчен дисплеј на предната страна кога е склопен.

Продажната цена на Huawei Mate X е 16.999 јуани, или нешто повеќе од 2.400 американски долари, но како и Mate 30 серијата, доаѓа без официјална поддршка од Google.

Според неколку извори, како и неговиот конкурент Samsung Galaxy Fold, Huawei Mate X беше брзо распродаден и тоа за само неколку минути. Следниот круг на продажба се очекува следната недела, односно на 22. ноември.