Во тек е незабележителна „инсект апокалипса“ која може да влијае на животот на Земјата

„Во тек е, слободно може да се каже, незабележителна „инсект апокалипса“ која би можела да го погоди животот на Земјата“, предупредуваат експертите.

Големата употреба на пестициди влијаела на исчезнувањето на речиси половина од сите видови инсекти од 1970-та година, а сега е откриено дека 41 отсто од милион познати видови на инсекти се пред истребување.

Многу птици, рептили, мали цицачи и риби ќе останат без храна, а под знак прашалник е ставена и храната која ја консумира самиот човек.

„Би можело да биде многу полошо. Не знаеме – што е застрашувачки“ – изјавил професорот по биологија Дејв Гулсон од Универзитетот Сасекс.

„Доколку не го спречиме исчезнувањето на инсектите тоа ќе има последици на целиот живот на Земјата и човечката благосостојба“ – изјавил тој.

Тој истакнал дека три четвртини од нашите посеви зависат од опрашувањето кое го прават токму инсектите.

„Посевите ќе почнат да пропаѓаат. Нема да има работи како што се јагодите. Не можеме да нахраниме 7.5 милијарди луѓе без инсекти“ – изјавил Гилсон за Си-ен-ен.

Во меѓувреме, употребата на пестицидите во текот на последните 25 години се зголемила двојно, а во текот на тоа време исчезнале 23 видови на пчели и оси.

Во новото истражување се покажало дека сите ние можеме да влијаеме во спасувањето на инсектите од изумирање и така да се намали нивното исчезнување.

Гулсон истакнува дека има над 70 трудови кои укажуваат на падот на бројот на инсекти ширум светот, но и дека постои голем пропуст во податоците, особено надвор од Европа и Северна Америка.

„Информациите за популацијата на инсекти во тропите, каде што повеќето од нив живеат се ретки. Можеме само да претпоставиме какви последици по животот на инсектите има сечењето на шумите во Амазoнија, Конго или источно-азиските шуми“ – изјавил тој додавајќи дека бројот на птиците кои се хранат со инсекти исто така е во опаѓање на многу места.

Извор: Blic.rs