Компанијата Samsung објави ново софтверско ажурирање за Galaxy S10e, S10, S10+ и S10 5G паметните телефони, со што на оваа флегшип серија ѝ овозможува користење на уште помоќните функции од моделот Galaxy Note10. Од сега корисниците ќе можат, покрај ужувањето во функциите од последното ажурирање на оваа серија, да имаат пристап до потполно нови паметни мултимедијални формати и Wi-Fi функции .
Последното софтверско ажурирање носи уникатно корисничко искуство, па така во галеријата е овозможено брзо пронаоѓање на омилените фотографии со помош на напредни пребарувања и клучни зборови кои ја опишуваат бараната содржина. Откривањето на новите песни, филмови и телевизиски емисии е исто така полесно благодарение на напредниот пребарувач, кој прикажува предлози од содржини директно од самите апликации за мултимедијален стриминг. Со Media&Devices додатокот на апликацијата Quick Panel корисниците со леснотија ќе може да го контролираат мултимедијалното искуство од повеќе уреди, користејќи само Galaxy S10.
Auto Hotspot нуди едноставно решение за трансформирање на моделот од серијата S10 во Wi-Fi рутер. После почетното подесување, оваа опција му овозможува на телефонот автоматски да воспостави hotspot со други Samsung уреди, доколку имаат ист или семеен Samsung профил. Покрај тоа, функцијата Wi-Fi Tips ги предупредува корисниците и им нуди поддршка во случај на проблем за мобилната поврзаност да е стабилна и безбедна.
Претходното софтверско ажурирање претставено во октомври на Galaxy S10 му донесе многу моќни Note10 креативни алатки. Меѓутоа, сега корисниците на своите видео снимки може да му додадат свој личен белег преку цртежи – без потреба од S Pen – со помош на забавната AR Doodle функција. Со Super Steady видео стабилизацијата корисниците никогаш нема да мора да се грижат за тоа дали кадарот и видео содржината се тресат, дури и ноќе, благодарение на Night Mode опцијата на предната камера. Иако корисниците веќе имаат можност со помош на Video Editor апликацијата да ги уредуваат омилените видео снимки директно на Galaxy S10 паметниот телефон, со ажурирање на Samsung DeX програмата може да ги трансформираат во динамичнни видео клипови уште полесно и побрзо. Потребно е само преку USB кабел да го поврзат паметниот телефон со PC или Mac уред, после кое видео снимките може да се персонализираат, сечат и уредат со многу голема прецизност.