Kaspersky, глобалната компанија за безбедност во областа на компјутерската и ИТ технологија неодамна спроведе меѓународна студија за родители со деца од 7 до 12 години за да ги истражи трендовите, практиките и предизвиците на чување на нивните деца на интернет. Опфаќајќи скоро 20 земји низ секој регион на светот, Касперски анкетирал скоро 9000 родители и истражил како се користат уредите кои овозможуваат интернет дома, коишто се најголемите грижи кога станува збор за безбедноста преку интернет и како родителите се справуваат со нив. Разговараме со Генералниот менаџер за Источна Европа, Мирослав Корен за заканите за децата додека се онлајн и како родителите најдобро да се справат со тоа а да не ги ограничат позитивните ефекти од користењето интернет.
• Што се онлајн закани?
Мирослав Корен: Онлајн закани, или закани засновани на интернет употреба, се вирусни или малициозни (malware) програми кои ве таргетираат додека користите интернет. Тие содржат голем број малициозни софтверски програми, дизајнирани да ги заразат компјутерите на жртвите корисници на различни начини. Нивните цели може да се движат од преземање на контрола врз уредот и неговите ресурси или кражба на лични податоци, како што се имиња, е-пошта, кориснички имиња, лозинки и броеви на кредитни или дебитни картички со што може да се продаваат на црниот пазар. На крајот, целта може да биде и целосно крадење на идентитетот, да се прават неовластени и нелегални набавки и други измамнички активности.
• Во која форма се појавува опасноста?
Мирослав Корен: Постојат два клучни начини како функционираат сајбер криминалците. Тие ги експлоатираат слабостите кои постојат во оперативниот систем (OS) или со апликативен софтвер кој се наоѓа и употребува на уредот на жртвата, а е поврзан на интернет. На тој начин, “мрежниот црв (net worm)” или Тројан вирусот може да навлезе длабоко во машината и да се лансира. Како и да е, сајбер криминалците користат техники на социјално инженерство, привлекувајќи го корисникот да употреби заразена датотека или да отвори линк до заразена веб страница. Во голема мера, се потпираат на човековата интеракција и често манипулираат со корисниците во кршење на тие нормални безбедносни процедури и најдобри практики за да се добие пристап до системи, мрежи, или физички локации за финансиска корист. Понекогаш, сајбер криминалците ги комбинираат овие два пристапа.
• Колку е голем проблемот со онлајн закани за деца во интернет сферата?
Мирослав Корен: Неодамнешното истражување на 2.000 семејства со деца под 14-годишна возраст покажа дека децата поминуваат 3 часа и 18 минути на ден на своите уреди – во просек, 23 часа неделно на паметните телефони и други гаџети. Ова е двојно повеќе време отколку што поминуваат во разговор со своите родители. Нашето неодамнешно истражување покажа дека мнозинството (58%) од родителите поминале помалку од 30 минути разговарајќи со своите деца за опасностите од користење интернет во текот на нивното детство. Овие два факти покажуваат дека децата можат да бидат многу ранливи на интернет и не се соодветно подготвени да се справат со сите предизвици што може да се најдат пред нив.
• Како изгледа онлајн закана за дете? Кои се најчестите примери на сајбер напади?
Мирослав Корен: Според истражувањето, повеќе од една четвртина од децата, 27% виделе несоодветна, сексуална или насилна содржина на интернет. Оваа содржина може да влијае на нив бидејќи тие почнуваат да развиваат свое чувство за сексуален идентитет и соодветно разбирање на културните норми кога станува збор за формирање сексуално однесување. Една четвртина, или 26% од децата доживеале зависност од интернетот, што често доведува до емоционална и социјална изолација, да станат раздразливи или депресивни кога не се на интернет, или понекогаш да жртвуваат време за спиење за да поминат дополнителен час онлајн. Очигледниот знак дека детето има нарушување во форма на зависност од интернет е забележливата тешкотија да се исклучи (да биде офлајн). Исто така, 14% од родителите велат дека нивните деца добиле анонимни пораки – или биле изложени на таква содржина – охрабрувајќи ги да вршат насилни или несоодветни дејства. На пример, подкаст на YouTube наречен TellBite, кој има над 167,000 претплатници, објавуваше видеа каде ликови инспирирани од Minecraft биле вклучени во пукања на училиште. Ваквите видеа се здобиваат со илјадници, па дури и милиони прегледи и може да бидат загрижувачки за родителите кои се грижат за тоа на што се изложени нивните деца како навидум безбедни услуги. Други, најнови закани вклучуваат кражба на идентитет и информации, “чешлање” (grooming) преку интернет (градење врска со дете со цел подоцна да се злоупотреби таа доверба), мрежни напади, уцени. Само 40% изјавиле дека не наишле на ниту една од овие закани.
• Која е реалната опасност и од каде потекнува? Дали е тоа од различна и несоодветна содржина што е лесно достапна за децата или од некои намери за компјутерски напади?
Мирослав Корен: Покрај позитивната страна на интернетот, како што е онлајн учењето или задржување контакти со пријатели или роднини, може да биде и привлечно место за деца кои можеби се склони да веруваат во нешто – дури и ако непознат или безлична програмирана реклама ветува дека тоа што го нуди е „нешто“. Клучната опасност потекнува од неподготвеност да се соочиме со ризиците што можат да се сретнат на интернет. Доколку не се заштити и води сметка, бројни ситуации можат да влијаат на емоционалната состојба на детето или на последователниот развој. Е-поштата, според 69% од родителите, се смета за еден од најистакнатите извори на ризик. На некој начин, е-поштата е сè уште клучна за нашите идентитети на интернет, бидејќи се користи за создавање и заверување на нашите сметки и активности на други услуги. Ако детето ја изгуби контролата врз својата е-пошта, може да има широк спектар последици како украдени лозинки или други чувствителни податоци. Втората и третата најзагрижувачка платформа за родители се социјалните мрежи и рекламирање во апликации, и двете предизвикуваат голема загриженост кај скоро 60% од родителите. Опасностите од социјалните мрежи, каде што децата го документираат својот живот, се чини дека се бесконечни – вклучувајќи ги и двете најистакнати закани: секстинг и сајбер малтретирање.
• Дали забраната за користење интернет е решение на проблемот?
Мирослав Корен: Важно е да управувате со времето кое детето го поминува пред екран, но тоа не е комплетното решение. Исто така, важно е да се следат апликациите што се користат и да бидете известени за нивната активност на социјалните медиуми, што значи – да гледате какви било нови пријателства, објави, итн. Вистинскиот пристап е рамнотежа помеѓу следењето со поттикнување независност, што е сложен услов. Технологијата и заштитните апликации можат да ви помогнат да управувате со времето на вашето дете и да ги следите апликациите што ги користат и ќе бидете известени за нивната активност на Facebook, што значи дека ќе видите доколку има новини.
• Kaspersky спроведе истражување. Што ве натера на овој чекор?
Мирослав Корен: Ова истражување е еден од напорите што ни помагаат најдобро да го разбереме начинот на кој децата се однесуваат на интернет, кои се главните закани со кои се соочуваат и колку се (не)подготвени за тоа со што се соочуваат. Загриженоста за приватноста и безбедноста сега е приоритет за родителите, и знаеме колку е тешко понекогаш да се зборува за овие проблеми со децата, така што тие би слушале, а не да нè одбиваат. Затоа Kaspersky е посветен на воведување на решенија, како Safe Kids и препораки за целото семејство што им обезбедува на родителите и на децата безгрижност.
• Дали родителите и училиштето може да го заштитат детето и како?
Мирослав Корен: Да се обезбедат децата во „игралиштето“ на интернет може да биде голем предизвик. Нема наставници кои може да ги следат — и сигурно не можете да ги следите секоја минута, така што тука може да помогне родителскиот софтвер. Сепак, ништо не го заменува родителското или образовното водство кога станува збор за безбедноста на децата на интернет. Едноставно зборувањето со децата може да помогне многу – почнувајќи од тоа да ги поучувате автоматски да не кликаат на „да“ копчињата и да се оддалечуваат од насилници или потенцијални сајбер криминалци, за да бидете сигурни дека разбираат какви информации не треба никогаш да ги споделуваат онлајн.
• Како вие може да помогнете? Како Kaspersky би ги советувал родителите?
Мирослав Корен: Децата имаат потреба од граници, па затоа е препорачливо да се договорат колку време можат да поминат на интернет и да се придржуваат до тоа. Безбедната технологија за пребарување, како што е Kaspersky Safe Kids може да помогне со ова, како и со следење на користењето на интернет на вашето дете.
Но, уште поважно е да се зборува за тоа како да се однесуваме на интернет. Децата треба да научат што и како да споделат одговорно. Научете го вашето дете како да се однесува на интернет исто како што се однесува и надвор од него: ако не би праќале, споделувале или кажале нешто во физичкиот свет, тогаш не треба да го прават тоа преку интернет. Секогаш се препорачува сурфање на интернет заедно. Да се види каде вашето дете го поминува своето време, можете да истражите како најдобро да бидат безбедни и да имате повеќе значајни разговори за нивната активност. Научете ги децата како да блокираат и да пријават кога ќе видат, или искусат нешто проблематично на интернет. Редовно разговарајте со вашето дете за нивните онлајн искуства, без да судите. Од време на време децата ќе се најдат во несоодветна ситуација на интернет и начинот на кој ќе реагирате може да има многу големо влијание. Наместо да се лутите, помогнете им да разберат што можат да направат подобро следниот пат и осигурајте се дека лекцијата е научена. Конечно, важно е исто така и вие да се едуцирате! Кога ќе го разберете сајбер-светот, ќе се чувствувате посигурни кога ќе разговарате со вашите деца за тоа. Одвојте време да ги прочитате трендовите, игрите и каналите кои се појавуваат, за да разберете како тие можат да влијаат на активноста на вашето дете на интернет.
• Освен да се едуцираат децата за соодветно однесување на интернет, како можат да бидат безбедни од фишинг (phishing), доксинг (doxing), малтретирање или друго предаторско однесување, особено на, да речеме безбедни, платформи како Facebook. Дали постои некој софтвер или алатка?
Мирослав Корен: Ниту еден родител не сака нивното дете да биде жртва на фишинг (phishing), доксинг (doxing – практика на истражување и објавување приватна содржина или идентификување на информации), малтретирање или друго предаторско однесување и затоа е клучно да се заштитат што е можно подобро од закани и експлоатација на интернет. Потребна е мешавина од родителски мониторинг и софтверски алатки, како што се Kaspersky Safe Kids. Оваа технологија значи дека можете да управувате со времето поминато пред екран на вашето дете и да ги надгледувате апликациите што ги користат, и ќе бидете известени за нивната активност на Facebook, што значи дека ќе ги добиете сите новини.
• Како функционира?
Мирослав Корен: Kaspersky Safe Kids вклучува апликации за уред(и) за дете и една за родители, и двете се поврзани преку вашата сметка на My Kaspersky. Може да се искористи за лесно прегледување на детските активности, бидејќи известува за онлајн активноста на вашите деца на Facebook (јавните информации), вклучително и постови и ново додадени пријатели, дава стручни совети и совети од детски психолози на онлајн теми, и го контролира пристапот до несоодветни веб-страници чија содржина може да се блокира. Меѓу другите карактеристики, користи GPS-тракер за да ви помогне да го пронајдете местото каде се наоѓа на онлајн мапа во реално време. Може да додадете и претходно дефинирано безбедно подрачје во кое треба да се најде. Ќе бидете известени веднаш кога би ја напуштило областа. Ве информира кога батеријата е слаба, за да можете да ги алармирате децата.
Поврзани артикли