Федор веќе престојуваше на Меѓународната вселенска станица, а во иднина би можел да ја посети и Месечината.
Рускиот хуманоиден робот познат како Федор (FEDOR или Skybot F850), би можел да одигра интересна улога во новото освојување на Месечината. Како што откри за руските медиуми Јевгениј Дудоров, извршниот директор на компанијата „Андроднаја Техника“ која го разви роботот, Федор би можел да тргне на својата вистинска вселенска мисија во 2022-ра година.
Планот е Федор да ја посети Меѓународната вселенска станица и таму да се „дружи“ со астронаутите, а долгорочно и да се прошета на површината од Месечината.
Со текот на времето такви роботи би можеле да бидат користени и на други мисии на Месечината, но за тоа би им биле потребни посебни тркала какви што можат да се најдат кај американските ровери.
Инаку, Федор ова лето престојуваше на Меѓународната вселенска станица. Во текот на престојот, роботот симулираше поправки на телото на станицата и добро се снаоѓаше со целата низа на различни алати.
Со оглед на тоа што со Федор можат да уравуваат луѓе, но може и да функционира и автономно, руските инженери сметаат дека би било одлично решение за истражување на Месечината.
Извор: Zimo.hr