Од Меѓународниот институт Earthwatch велат дека доколку пчелите исчезнат целосно, на луѓето им преостануваат само уште четири години живот. На состанокот во Лондон, друштвото Royal Geographical ги прогласија пчелите за најважните инсекти на планетата Земја.
Светските научници навеле дека 70% од светското земјоделство зависи исклучиво од пчелите, а запрашувањето, веројатно е најважната функција на пчелите. Во изработената студија, која е направена на неколку Универзитети, откриено е дека пчелите се единствените живи суштества, кои не носат никаков вид на патогени, ниту вируси, ниту бактерии. За жал нив ги има во сè помал број, велат научниците.
Една студија открила дека исчезнала 90% од популацијата на пчелите во изминатите неколку години. Главните причини за намалениот број на пчели се неконтролираната употреба на постициди, недостаток на цвеќиња и уништување на шумите. Бројни активисти од оваа причина бараат веднаш да се забрани употребата на пестициите, да се почне со користење на природни алтернативи, а здравјето и опстанокот на пчелите внимателно да се следи во иднина.
Greenpeace исто така се огласиле и велат дека пчелите би можеле да се заштитат само ако се забранат седумте најопасни пестициди, вклучувајќи три кои се полни со никотин. Мора да се зачуваат нивните живеалишта и да се обнови еколошкото земјоделство. Ова подразбира избегнување на џиновски фарми, на кои од година во година се сади истата билка, што претставува голем проблем за инсектите.
Со помош на природните системи ќе се обноват хранливите состојки во земјата, ќе се намали губитокот на земја, предизвикан од ветерот и ерозија на водата. Најголемиот научник Алберт Ајнштај исто така изјавил дека луѓето најверојатно ќе изумрат за четири години, ако пчелите исчезнат.
Поврзани артикли