Планетата Меркур вчера помина меѓу Земјата и Сонцето – астрономски феномен наречен транзит на Меркур.
Следен пат кога ќе може да се набљудува овој феномен ќе биде во 2032 година.
Транзитот на Меркур беше видлив во форма на мала црна точка како се движи преку сончевиот диск од левиот раб кон десниот. Најдобар и најдетален поглед на феноменот, без никакви попречувања, имаше вселенското летало во орбитата меѓу Земјата и Меркур.
Транзитот од Земјата можеше да се набљудува само со посебни телескопи со филтри за сонце.
Транзитот почна во 13 часот и 35 минути, а максималната фаза беше во 16 часот и 19 минути, додека крајот на транзитот беше во 19 часот и 4 минути, но тоа не беше видливо кај нас бидејќи во тој период веќе беше зајдено Сонцето.
Во еден век има околу 13 транзити на Меркур, со што оваа небесна појава се вбројува во ретките. Четири вакви појави се случија во оваа деценија, а следниот Транзитен Меркур може да го очекуваме во 2032 година.
Секако, НАСА беше најдобро опремена да го документира овој феномен, со телескопи поставени на Земјата, но и во вселената. Ова се најдобрите снимки од пет и полчасовната прошетка на Меркур меѓу Земјата и Сонцето:
Just a few more minutes in today's #MercuryTransit! Watch Mercury complete its journey across the Sun through the eyes of our Solar Dynamics Observatory satellite ➡️ https://t.co/5OFdcyOFJ8. SDO keeps a constant eye on the Sun, so it has a prime view for transits like this! ?☀️ pic.twitter.com/QuCxZL6u1X
— NASA Sun & Space (@NASASun) November 11, 2019
Поврзани артикли