Центарот за напредна конструкција и композитни материјали на Универзитетот во Мејн влезе во Гинисовата книга на рекорди, и тоа во три категории.
Центарот стана рекордер поради најголемиот 3D-печатач на светот што работи со полимер, а потоа најголемиот цврст 3D-објект испечатен досега, како и поради најголемиот брод некогаш изработен со 3Д-печатач.
Големиот печатач е во состојба да испечати објекти со должина до 30,5 метри, ширина до 6,7 метри и висина до 3,1 метри. Сето тоа го прави со импресивна брзина – 250 килограми цврст објект за еден час работа.
Благодарение на печатачот, Универзитетот во Мејн успеал да конструира и да изработи брод со тежина од 2,5 тони, должина 7,6 метри и тоа само за 72 часа.
Извор: B92.net
Поврзани артикли