Научници од Институтот за технологија на Масачусетс – МИТ претставија роботизирани уреди во облик на коцки што работат по принципот на т.н. „колективно размислување“.
Имено, паметните „робокоцки“ може да се движат самостојно, но сите нивни дејствија зависат од еден алгоритам на вештачка интелигенција. Внатре во секоја „робокоцка” има мало тркало, кое се врти со 20.000 обрти во минута и така направата се движи, вртејќи се околу својата оска и потскокнувајќи.
Освен тоа, во уредот има и магнети, со чија помош, робокоцките се лепат една за друга. Има и баркодови, кои служат коцките „да ги распознаваат“ своите „другарчиња”. Овој механизам, според пронаоѓачите, може да се користи, на пр., за брзо формирање спасувачка платформа или столбови, при итни ситуации.
Според стручните лица, робокоцките може и да забележат и следат светлина.
Поврзани артикли