Во Јужна Кореја се појавија гласини според кои новата генерација на Galaxy S серијата на Samsung би можела да пристигне со батерии со поголем капацитет.
Корејските медиуми пренесуваат дека конкретно најевтиниот модел Galaxy S11e би требало да пристигне со батерија со одличен капацитет од 3.730 mAh кој Samsung веројатно ќе го „заокружи“ на 4.000 mAh.
Ако се спореди со капацитетот на батеријата на актуелната генерација Galaxy S10e кој изнесува 3.100 mAh, тогаш јасно е дека ова е импресивен скок на Samsung.
Засега нема официјални податоци колкав ќе биде капацитетот на батериите кај останатите модели од Galaxy S11 серијата, но со оглед на тоа што „се зголемува“ батеријата на најевтиниот модел, речиси сигурно ќе се случи истото и кај поскапите модели.
Наводно Samsung ќе го зголемува капацитетот на батеријата за новите телефони на Galaxy S11 серијата да можат полесно да се справат со потрошувачката на енергија која со себе ја носи новата 5G мрежа.