Костур стар 200 години ископан во Смоленск му припаѓал на генерал на Наполеон

Со форензичко тестирање на ДНА во Франција, потврдено е дека костурот припаѓа на пријателот на Наполеон, генералот Шарл Етјен Гудин, а бил ископан во текот на археолошкото истражување во близина на Смоленск, изјавила денес портпаролката на Институтот за археологија при Руската академија на науките, Наталија Ферапонтова.

„Точно е дека направено е ДНК тестирање. Французите земаа примероци од нас, а бидејќи во нив имаше колаген и беше добро сочуван, можеа да направат ДНК тестирање. На иницијатива на потомците, семејната гробница е отворена и направена е споредба. Анализата потврди дека ДНК од посмртните остатоци пронајдена во близина на Смоленск е идентична со роднина на генералот Гудин“ – изјавила Ферапонтова.

Гудин бил школски другар на Наполеон Бонапарта и негов близок пријател со кој учествувал во многубројни походи, а во 1812-та година погоден бил со топ во борбите за Валутино и во таа прилика ги изгубил двете нозе. Префрлен бил во Смоленск, но набрзо починал. Долго време не се знаело каде е погребан, а неговите остатоци биле откриени во текот на археолошкото истражување кое започнало на почетокот на месец мај.

Извор: Blic.rs