Пронајдени коски од 14 мамути стари 14.000 години

Околу 800 коски од најмалку 14 мамути за кои се верува дека живееле пред повеќе од 14 000 години, се пронајдени во централниот дел на Мексико, соопшти мексиканскиот институт за антропологија и историја.

Коските на гигантските тревојади цицачи биле пронајдени во Туртепек, Мексико, на околу 45 километри од главниот град на Мексико. Во изјавата на институтот се вели дека тоа е „најголемото откритие од ваков вид“ до денес.

Палеонтолозите проценуваат дека во таа област живееле најмалку пет стада мамути, како и други животни и луѓе. Мамутските коски биле откриени и порано во истиот дел од Мексико, за време на ископувањата за изградба на метро во Мексико Сити во 1970-тите.