Samsung во март ја претстави Galaxy S10 линијата смартфони, а јужнокорејската компанија треба дополнително да ја прошири оваа линија со објавување на Galaxy S10 Lite.
Samsung Galaxy S10 Lite неодамна се појави на Geekbench, каде што беа потврдени клучните спецификации на телефонот. Го поседува чипсетот Snapdragon 855, 8 GB RAM меморија и оперативниот систем Android 10. Телефонот сега доби и сертификација на бразилската Анатела, што открива дека S10 Lite ќе има батерија од 4370mAh.
Можно е дека ова е минимален капацитет на батеријата, додека типичниот капацитет треба да биде околу 4500mAh. Ова го наведоа и претходните претпоставки, заедно со поддршката за брзо полнење од 45W.
Сè уште не е познато кога Galaxy S10 Lite ќе биде официјализиран, а ако гласините се точни, телефонот треба да има 6,7-инчен FHD+ Super AMOLED дисплеј, три камери на задниот дел (48MP + 12MP + 5MP) и 32MP селфи камера. Уредот се очекува во бела, црна и сина боја.
Поврзани артикли