Научниците идентификувале нов вид на ХИВ вирусот, првпат во последните 19 години, но против него моментално постои здравствен третман. Новиот вид припаѓа на М групата верзија ХИВ-1, односно на истото семејство вирусни поттипови кои предизвикуваат глобална пандемија на ХИВ, тврди компанијата “Абот лаборатории“ која заедно со Универзитетот Мисури го спровела ова истражување.
ХИВ вирусот има неколку различни слоеви како и останатите вируси и поседува способност на мутирање во текот на времето. Ова е првиот нов вид на ХИВ од групата М.
Медицинската заедница многу е важно да знае кои слоеви на вирусот се актуелни за да се овозможи ефикасно тестирање за откривање на болеста.
„Ова може да стане вистински предизвик за дијагностичките тестови“ – најавува вирологот Мери Роџерс, коавтор на истражувањето.
Ентони Фаучи, директор на американскиот Национален институт за заразни болести, вели дека моменталниот третман за ХИВ е ефикасен и против новиот вид на ХИВ вирусот. Засега не е познато дали оваа варијанта на вирус има поразлично влијание кај заболените од истиот.
Според податоците на СЗО, во светот од ХИВ боледуваат околу 36.7 милиони луѓе, а од 2016-та година новозаболени има околу 1.8 милиони луѓе.
Извор: Blic.rs