Пред нешто помалку од еден век, во предвечерјето на Втората светска војна, тогашната германска елита расправала за идејата на создавање на суперконтинет кој би го сочинувале Европа и Африка. Имагинарниот континент дури имал и име – Атлантропа.
Звучи лудо од денешна перспектива, но во тие дваесетти години, Атлантропа била повеќе од актуелна идеја. За тоа сведочи и обемната документација, исечоците од бројни географски магазини како и цела мапа на потенцијали европски градови во Африка која се чува во минхенскиот музеј. Творецот на идејата за суперконтинентот е германскиот архитект Херман Зоргел.
Како би настанал Антлантропа?
Замислата на Зоргел била првично да се исуши целиот Медитеран. Финалните нацрти на Атлантропа, откриваат дека Медитеранот би бил поделен на неколку делови, кои подразбираат и изградба на брана на Гибралтар, две брани на реката Конго, како и создавање на вештачко море во Конго и Чад. На тој начин милион Европјани би имале можност да најдат подобар живот во Африка и на крајот да доминираат на Црниот континент, нешто што во добата на расизмот и колонијализмот била прифатлива идеја.
Иако ваквата идеја денес сите ја поврзуваат за фашистите, тоа што Атлантропа ја правело во тоа време така привлечна е визијата за мир во светот. Овој проект барал едноставно технолошко решение, изградба на брани и мостови. Базата на суперконтинентот би била џиновска хидроцентрала, која би ги снабдувала со енергија најголемиот дел од двата континенти, а независен Совет би имал овластување да ја скрати енергијата на секоја држава која би претставувала закана по светскиот мир.
Планот на Зоргел бил секоја држава да учествува во реализација на овој проект и сите да вложат толку многу пари, што ниту една земја потоа не би можела да биде доволно моќна за да финансира било каква војна. Од денешна перспектива, оваа идеја делува како утопија или научнофантастичен филм, но Зергел толку верувал во неа, што целиот свој живот се посветил на нејзина реализација.
Herman Sörgel wanted to change the face of the planet bringing Europe and Africa together, creating the new continent of Atlantropa.
— Interesting Engineering (@IntEngineering) October 10, 2018
Тој ги промовирал своите идеи ширум светот, било низ печатокот, радиата, филмските изложби, па дури и операта која се нарекувала „Атлантропска симфонија“.
Зелгер напишал и неколку книги за тоа. Првата му е „Панропа Проект“, објаена во 1929 година, во која го опишал исушувањето на Медитеранот и наводнувањето на Сахара. Оваа идеја ја разработил на нов начин во книгата „Атлантропа“. Уште четири книги напишал за својот утописки проект пред неговата смрт во 1952 година.
Неговата визија никогаш не била спроведена во дело. Ако се спровела, прашање е што би останало од Јадранското море и целиот Медитеран, Никој не знае како Европа и Африка би изгледале денес и како миграцијата би се одвивала.