По неколкумесечно тестирање, Twitter е подготвен да ja активира опција што ќе им овозможи на корисниците да следат комплетни теми, а не само индивидуални корисници. Социјалната мрежа објави дека функцијата Topics пристигнува до корисниците и глобално ќе биде достапна од 13. ноември.
Можно е да се избере некоја од над 300 теми (како спорт, забава или игри) и твитовите за таа област ќе се прикажуваат преку профилите кои корисникот вообичаено не ги следи. Ова може да помогне во ситуации кога не сте сигурни кого да почнете да следите или не сакате цело време да следите одредени профили. Идните ажурирања ќе додадат уште повеќе теми што треба да се следат.
Додатокот на Topics функцијата се придружува на серијата „финални“ карактеристики, кои пристигнаат на Twitter во последните месеци. Останува да се види дали опцијата Topics ќе биде ефективна во пракса, но е потенцијално корисна за привлекување и задржување на нови корисници.
Поврзани артикли