Злоупотребата на дигиталните уреди, како компјутери, мобилни телефони, конзоли за видеоигри и преносни уреди, ќе биде тема на дискусијата што вo сабота (9 ноември) во 12 часот ќе се одржи пред проекцијата на филмот „Хакер“ во Младинскиот културен центар во Скопје во рамките на 18. фестивал за европски филм „Синедејс“.
Бројот на учесници е ограничен па затоа доколку сакате да бидете дел од оваа работилница и да ја проследите проекцијата на филмот „Хакер“ ќе треба да се пријавите на следниот линк – ПРИЈАВА ЗА РАБОТИЛНИЦА. Крајниот рок за пријавување е 8 ноември 2019 (петок).
Работилницата е под менторство на Петар Котевски од Македонската асоцијација за развивање игри – МАГДА. На работилницата посебно внимание ќе се посвети на најчестите форми на злоупотреба на интернет и темната страна на дигиталната технологија, а ќе бидат отворени прашањата за насилство, ризик и потенцијална опасност на интернет и дигитални медиуми; зависност од интернет и дигитална технологија и виртуелна зависност.
После работилницата ќе се одржи проекција на данскиот тинејџерски филм „Хакер“ во режија на Пол Берг во киното „Фросина“. Филмот раскажува за 13-годишниот талентиран хакер Бенјамин, кој открива дека мајка му не починала во сообраќајна несреќа пред години, како што му било кажано. Трагата посочува кон високи службеници во Данската тајна служба, па Бенјамин заедно со неговата нова другарка Савана тргнува на стресна потрага да ја дознае вистината за исчезнувањето на неговата мајка.
Настанот е дел од проектот „Видеоигротека“ во организација на Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје, а поддржан од Министерството за култура во рамките на „Нов културен бран“.
*Петар Котевски, основач и developer на КАМАј МЕДИА (kamaikamai.com) и основач на Македонската асоцијација за развивање игри – МАГДА. Петар работи во индустријата за видео игри од 2000 година. Работел на игри како Far Cry (PC), 50Cent: Bulletproof (PS2/XBOX), Halo 3 (XBOX360), Halo 3:ODST (XBOX360) and Halo:Reach (XBOX360), Destiny (Сите платформи). Во текот на својата кариера, тој работел како програмер, менаџер на програмери, дизајнер и генерален менаџер. Неговата специјалност се Кодна архитектура, Анимации, Вештачка Интелигенција и Гејмплеј. Моментално е ангажиран во бришење на линијата помеѓу филмовите и видео игрите со проектот „Сондер“ кој што го развива КАМАј МЕДИА. КАМАј МЕДИА е мала група составена од ветерани за развој на игри, како и ентузијасти, формирана во 2011 година. Оттогаш работат на развивање на технологија која овозможува нелинеарен наратив базиран на играчот, како и „сондер.“, производ чија идеја и дизајн ја инспирираа технологијата.