Кина почна да работи на 6G технологија

Кина започна истражувања околу мобилниот интернет од шестата генерација – 6G. Имено, кинеското Министерство за наука и технологија синоќа соопшти дека е основана и работната група што ќ́е работи на новата технологија.

„Работната група ја сочинуваат 37 стручни лица од повеќе истражувачки институти и компании. Ова го означува официјалното отпочнување на истражувањата и развојот на 6G технологијата“, се наведува на интернет-страницата на Министерството.

Периодов, инаку, Кина ја воведе 5G технологијата што овозможува 100 пати побрз проток на податоци од постојните 4G мрежи.

Кинеската компанија Хуавеј, која се смета за водечка во светот во поглед на 5G, исто така, е вклучена во истражувањата околу 6G.