LG се врати на сцената на таблет уреди со моделот G Pad 5 10.1, кој денес е официјализиран во Јужна Кореја. Како што сугерира името, станува збор за таблет со 10,1-инчен екран, кој користи Android софтвер. Таблетот има батерија од 8200mAh, две камери, метална задна страна, поддршка за LTE, GPS и Bluetooth 4.2 конекција.
Екранот има IPS панел со FHD+ резолуција. На предната страна се наоѓа селфи камера од 5MP, додека на задната страна има 8MP сензор. LG G Pad 5 10.1 има мимензии од 247,2 x 150,7 x 8 милиметри и тежи 498 грама.
Од долната страна на уредот има два звучника, додека од горната е сместен 3,5 мм приклучок. Сензорот за отпечатоци се наоѓа од десната страна на рамката, заедно со копчињата за вклучување и звук.
LG одлучи во својот нов таблет да го имплементира три години стариот Snapdragon 821 чипсет, во комбинација со 4 GB RAM и 32 GB простор за складирање (може да се прошири преку microSD слот). За софтверската поддршка е задолжем Android 9 Pie со прилагодениот кориснички интерфејс на LG. Батеријата има поддршка за Quick Charge 3.0 брзо полнење.
LG G Pad 5 10.1 има почетна цена од околу 380 долари, а засега нема информации за евентуалната глобална достапност на уредот.