Content Authenticity иницијативата претставува нов систем кој неодамна го најавија Adobe, Twitter и The New York Times и има за цел да им додаде потписи на фотографиите и другите креативни содржини што нема да можат лесно да се отстранат.
Авторските права се проблем од кога постојат авторите, а новата алатка може да го ублажи, бидејќи е дизајнирана да снима кој ја создал и изменил содржината, а потоа да обезбеди пристап до тие податоци за да може секој да утврди од каде потекнува содржината. Adobe го опиша новиот систем како начин за утврдување на автентичноста на содржината преку интернет, додека Њујорк Тајмс истакна дека таквото решение може да има ефект на спречување на ширење на дезинформации и лажни вести.
Сè уште не е познато кога системот ќе стане достапен, а кога тоа ќе се случи, се очекува да се намали бројот на фотографии и стрипови кои кружат на интернет без потпис на авторот.
Поврзани артикли