Microsoft активно развива нови технологии за складирање на податоци, а најновиот пробив во оваа област е употребата на кварцно стакло.
Истражувањето е наречено Project Silica и Microsoft работи на него веќе некое време. Засега, проектот е во фаза кога е докажано дека складирањето на податоци во стакло е возможно, но сигурно ќе помине уште доста време пред технологијата да стане широко распространета и употреблива.
Копиите на податоци сочувани во кварц можат да се внесат само еднаш, со помош на специјални ласери. Тие пишуваат воксели, 3Д-репрезентации на пиксели, а секој воксел е единствен. Специјално развиениот алгоритам на машинско учење може да прочита различни патерни и да ги декодира впишаните податоци. Парче кварц од 2 мм е во состојба да сочува повеќе од 100 нивоа на воксели, иако Microsoft не нагласи колкава е количината на податоци. Сепак, даден е пример дека на парче стакло со големина од 75 x 75 x 2 mm може да се сочува цел филм, што дава колку-толку поточен увид во капацитетот.
Потенцијалното користење на оваа технологија е во ситуации кога корисниците сакаат или треба да складираат големи количини на податоци што нема да можат лесно да се уништат. Microsoft спроведе различни тестови на стакло што ги чува податоците, со готвење, печење и чување на стаклото во микробранова печка. Покрај тоа, објави и еден куп други тестирања за да открие дали вокселите ќе бидат уништени или модифицирани, но после тоа податоците биле сочувани. Поради тоа, главната предност се гледа во чување на резервни копии на битни податоци што можат да бидат сочувани и по природни катастрофи.
Една од компаниите заинтересирани за оваа технологија е Warner Bros, кој има план да чува три архивски копии од секој филм, серија и кој било друг видео материјал – две дигитални копии сместени на различни места во светот и оригиналната физичка копија.
Поврзани артикли