Microsoft одлучи да го освежи логото за својот веб прегледник Edge и на тој начин да го оддалечи од Internet Explorer наследството. Новото лого потсетува на бран, бидејќи симболизира интернет сурфање и вклучува сличен Fluent Design стил како новата икона на Microsoft Office.
Покрај тоа што личи на бран, новото лого ја претставува и буквата E, но така што повеќе не потсетува на Internet Explorer, најмногу поради помодерниот дизајн. Така Microsoft се оддалечува од старите традиции и се повеќе се насочува кон Chromium Edge, а новото лого е откриено во рамките на „тајната“ сурферска игра кога потсетува на SkiFree – класична скијачка игра која е објавена во 1991. година како дел од Entertainment Pack 3. Со играта се управува преку WASD копчиња, а за главниот јунак да се движи наоколу, да избегнува пречки и собира награди.
Сега само се чека на тоа Microsoft да ја објави финалната верзија на Edge Chromium пребарувачот, бидејќи бета верзијата се појави уште во август.