Компанијата sPower од Јута, која се занимава со производство на обновлива енергија, освои две неславни титули. Таа може да се „пофали“ дека е првиот американски снабдувач на соларна и ветерна енергија која била жртва на сајбер напад. Исто така, ова е прва компанија за која се знае дека изгубила поврзаност со своите инсталации и генератори на електрична енергија.
Првите извештаи за напади врз оваа компанија се појавија во април, еден месец откако започнаа. Истрагата која била спроведена по тој повод, заврши во септември и укажа дека проблемот е firewall-от со застарен фирмвер. Сепак, се до вчера не се знаеше точно за која компанија станува збор, како ни за деталите за нападот.
Ова почна на 5 март, кога напаѓачите го искористија безбедносниот пропуст во Firewall-от на Cisco, така што го соборија. Ова предизвика прекин во комуникацијата помеѓу sPower соларните и ветро-генератори и главниот команден центар на компанијата. За среќа, хакерите не отидоа подалеку од тоа. Откако го урнаа системот, не пробаа да ги повратат податоците од мрежата на компанијата.
Иако ова беше прва официјална потврда за напад на централа за производство на електрична енергија, тој сепак не беше толку софистициран како нападот врз украинската енергетска мрежа, што се случи во зимата 2015/2016 година, кога руските хакери оставија половина милион Украинци без струја.