За време на конференцијата за програмери на Samsung 2019 (SDC19), јужнокорејската компанија најави дека еден од нивните следни уреди со екран на преклоп може да има дисплеј со вертикално преклопување. Сега, благодарение на објавата на кинеската социјалната мрежа Weibo од China Mobile, дознаваме дека моделот ќе го носи името Galaxy W20 5G и ќе биде презентиран во ноември.
Видеото објавени за време на конференцијата покажа телефон со издолжен дисплеј кој се преклопува на половина слично на телефоните на преклопување од неодамнешното минато. Во исто време, интерфејсот се прилагодува на новата форма – на пример, кога се преклопува, видеото од камерата се преместува на горниот дел од дисплејот и контролните копчиња се прикажани на дното.
Ова решение овозможува компактните димензии да се постигнат во преклопена состојба и кога ќе се прошири се добива голем дисплеј што може да се спореди со оној на тековните стандардни модели. Слична форма на уред подготвува и Motorola, која ќе го лансира својот нов модел во серијата Razr на 13. ноември.
Поврзани артикли