Microsoft објави нова бета апликација на Office за Android, која ги комбинира сите најважни деловни алатки. Апликацијата ги содржи Word, Excel, PowerPoint и повеќе. Всушност, самата апликација се нарекува Microsoft Office: Word, Excel, PowerPoint & more.
Апликацијата овозможува креирање и обработување документи, како и управување со документи на Android телефони и таблети. Можна е и соработка на одредени документи со пријатели и колеги, преку самата апликација.
Извор: Benchmark.rs
Една од функциите, кои се истакнуваат е можноста креирање PDF датотеки од фотографии или конвертирање Word, Excel и PowerPoint датотеки во PDF.
Microsoft Office: Word, Excel, PowerPoint & more апликацијата е можно да се најде во Google Play Store, но е можно да содржи некои грешки, бидејќи сè уште е во Public Preview, рана фаза на развој.