Француските научници го открија најжешкото место на Земјата каде што не може да се развие органски живот. Тие велат дека во жешките извори Далол, кои се наоѓаат во Етиопија, не може да преживеат ниту бактерии. Ова подрачје се смета за најтоплиот дел во светот. Истото е исполнето со мали езера и извори со кисела и солена вода.
Оваа геолошка месност се наоѓа на околу 15 километри од границата со Еритреја, на северниот крај на соленото езеро Карум, чија сол сè уште се експлоатира од страна на Афарите.
Оваа огромна напуштена област е позната по своите геолошки формации: топли извори на киселина, сулфур, сол, гас и магнезиум.
Далол има топли пустински климатски услови, типичнa за Данакил. Далол е најжешкото место во текот на годината на планетата и во моментов го држи рекордот на висока просечна температура за населено место на Земјата, каде што била забележана просечна температура од 34,6° C помеѓу годините 1960 и 1966 година. Просечната годишна максимална температура е 41° C , а најтоплиот месец има просечна максимална температура од 46,7° C . Освен што е екстремно жешко во текот на целата година, има само неколку рекордни денови на врнежи. Топлата клима на пустината Далол е особена поради близината на екваторот и Црвено Море.
Воздухот околу целото подрачје е токсичен поради вулканот што лежи под изворите. Овој дел од светот отсекогаш бил фасцинантен за научниците, пред сè поради екстремните услови. Во 2016 година била испратена експедиција, за да открие дали е возможно во овој дел да се развие каков било живот.
„Овој дел од светот е воодушевувачки, но истовремено и многу непријателски. Воздухот е исполнет со хлор и ако воопшто постојат некакви микроорганизми тука, тогаш мора да станува збор за екстремофилни микроби. Мислам дека астробиолозите би биле многу заинтересирани за нив“, изјавил предводникот на експедицијата, Фелипе Гомез од шпанскиот Центар за астробиологија.
Тимот од 2016 година во својот заклучок во истражувањето, навел дека биле откриени првите докази за постоење на живот во жешките, кисели извори. Тие напишале дека станува збор за ултрамали микроорганизми. Сепак новата студија која ја спровеле француските научници го оспорила ваквото тврдење.
„Ги отфрламе тврдењата за живот во овој дел на светот. По направените истражувања, можеме да кажеме дека на ова место на Земјата нема услови за никаков живот“, изјавила Џоди Белила од францускиот Универзитет „Париз-Сид“. Таа вели дека нивното истражување е објавено во научното списание Nature Ecology & Evolution.
И покрај тоа што францускиот научен тим откриле присуство на „археја“, еден вид прабактерија, сепак тие велат дека не станува збор за автохтони микроорганизми.
„Повеќето откриени микроорганизми на самото место ни се веќе добро познати и тие потекнуваат од нашите теренски или лабараториски опреми. Останатите траги се бактериски генетски секвенци, кои стигнале на ова место далечни места и се резултат на бројните туристички посети“, објавнува Белила.
Во заклучокот е наведено дека природни микробиолошки живот не може да се најде во овие извори и езера.
„Идентификувавме две големи физио-хемиски бариери кои го спречуваат продолжувањето на животот во течните води на Земјата“, велат научниците. Една од нив е магнезиумот кој е доминантен во растворите во езерата, што предизвикува разградување на клетките“, вели Белила.