Извршниот директор на Tesla, Елон Маск, во низа твитови им соопшти на неговите обожаватели дека се збогува со Twitter.
Оваа одлука ја донесе откако одредени твитови му предизвикаа проблеми, а во низата твитови кои ги објави соопшти дека не е сигурен дали воопшто има корист од оваа социјална мрежа и дека му се чини Reddit како подобар избор.
Многумина изразија жалење од најавеното отсуство на Маск на Twitter, но со оглед и на претходните најави за заминување дел од неговите следачи не веруваат дека ќе се повлече од социјалната мрежа.
Во октомври се појавија судски документи кои покажуваат дека советниците го повикале да се одмори од Twitter откако имаше непријатна комуникација со британски нуркач кој учествуваше во пасувањето на деца од пештера во Тајланд.