Властите во Брисел планираат до 2035 година да забранат употреба на бензиски автомобили на своите улици.
Бриселските власти усвоија конечна верзија на климатскиот план според кој е планирана забрана на бензиски и дизел автомобили во наредниот период.
Претходната влада разви зони за намалување на емисиите на штетни гасови кои опфаќаат области во сите делови на Брисел.
Планирано е во тие зони дизел и бензиски возила, како и мотоциклите да бидат забранети дури и пред планираниот рок.
Градските власти соопштија дека ќе бидат воведени построги проверки и мобилни тимови кои ќе следат дали се почитуваат донесените правилата на улиците во Брисел.