Кинеските мобилни оператори им понудија на потрошувачите во земјата 5G услуга на најголемиот светски пазар од 1 ноември.
Петтата генерација на мобилен интернет ветува значително побрз проток на податоци, поширока покриеност и постабилни врски.
Тројцата оператори зад кои стои државата, China Mobile, China Telecom и China Unicom, планираa претходно воведување нова услуга за почетокот на следната година, но тоа е забрзано, објави RT.
Врвната услуга сега е достапна во 50 кинески градови, вклучувајќи ги и Пекинг и Шангај.
Цената се движи од 128 јуани(18 долари) месечно, што на корисниците им овозможува 30 гигабајти проток на податоци и 500 минути разговори.
Според тврдењата на кинеските власти, до крајот на годинава ќе бидат активирани повеќе од 130.000 базични 5G станици кои би ја поддржале новата мрежа.
Локалните медиуми објавија дека кај три даватели на услуги однапред за таа услуга се пријавиле повеќе од 10 милиони луѓе.
Поврзани артикли